Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ- Оберхубер: Преку заедничка соработка ги правиме промените и ја движиме земјата кон ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, се сретна со директорот на Германското друштво за интернационална соработка за Северна Македонија, Давид Оберхубер.

На средбата беше разговарано за досегашната успешна соработка со нашиот стратешки економски и политички партнер, Сојузна Република Германија, преку активноста на Германското друштво за интернационална соработка и се разгледаа можностите за соработка во релевантните области на европската интеграција, како и за други области од интерес на македонските институции.

Маричиќ на состанокот ги потенцираше конкретните придобивки што ги имаме од соработката со ГИЗ, додавајќи дека нивното разновидно знаење и стручност се исклучително важни, а нивните пренесени искуства применливи, особено сега кога ги започнавме преговорите со ЕУ.

Соговорниците на средбата ја потврдија важноста и значењето на континуираната поддршка и соработка што нашата земја ги добива од Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) во процесите важни за јакнење на институционалните и економски капацитети на државата, што се од исклучително значење за напредокот на нашата реформска агенда и евроинтегративниот процес.

Маричиќ се заблагодари за посветеноста и искрената волја за соработка и со директорот на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ), Оберхубер се договорија дека ќе ја продолжат блиската соработка и во иднина, особено во различни проекти поврзани со спроведувањето реформите и реализацијата на европската агенда.

Можеби ќе ве интересира

Одржани серија работилници за изработка на Националниот инвентар на јавни згради, „скенирани“ 2000 јавни објекти

ДЕСК

СДСМ: До кога граѓаните ќе чекаат Мицкоски и Филков да пратат документи за екстрадиција на Груевски?

ДЕСК

Жените извршуваат над 76% од неплатената работа на грижа – Конференцијата за трансформација на грижата отвора национален дијалог за системите за грижа во Северна Македонија

ДЕСК