Centar.mk
БИЗНИС

Министерот Бесими во работна посета на Брисел, на средби со еврокомесарите Хан и Џентилони

Министерот за финансии Фатмир Бесими утре ќе престојува во работна посeта на Брисел, каде ќе оставари средби сo еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан и еврокомесарот за економија Паоло Џентилони. Посетата е во пресрет на активностите на Министерството за финансии за подготвување на најзначајните документи – Буџетот за 2023 година, Програмата за економски реформи, во која се утврдуваат реформите што се преземаат во наредниот период, а кои заеднички се утврдени со ЕК, како и подготовка на акцискиот план за имплементација на препораките од Извештајот на ЕК за напредокот на РС Македонија за 2022 година.

Исто така, на средбите министерот ќе информира и за можноста за користење на поволни средства од Меѓународниот монетарен фонд преку ПЛЛ програмата, а ќе биде покрената и иницијатива за буџетска поддршка за справување со предизвиците од енергетската и ценовна криза од ЕК преку МФИ.

Посетата на министерот Бесими на Брисел е значајна и од аспект на започнатиот билатерален скрининг процес, по усвојување на Преговарачката рамка за РС Македонија и одржување на прватa Меѓувладина конференција, во процесот на пристапување кон ЕУ.

Актуелната енергетска и ценовна криза, која има големо влијание врз економијата во земјата, мерките што ги презема Владата за справуање со кризата, но и реформите што земјата ги спроведува на патот кон целосна евроинтеграција и повисок економски раст, ќе бидат исто така дел од темите на кои ќе се разговара на средбите.

Поддршката од Европската комисија во спроведување на реформите е значајна, а ваквите средби се позитивен придонес кон нивна имплементација. Покрај реформите, на средбите ќе биде отворено и прашањето за помош од ЕУ за справување со последиците од енергетската и ценовната криза.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК