27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

ВМРО-ДПМНЕ: Град Скопје е заглавен заради неспособноста на коалицијата Арсовска – СДС

Град Скопје е заглавен заради неспособноста на коалицијата Арсовска – СДС, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ЈСП, додаваат од таму, беше блокирано заради неспособноста на Арсовска, но и затоа што град Скопје под нејзина управа му должи пари на претпријатието, а пари должи и владата. ЈСП е спасено по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ.

„Иста е и ситуацијата со ЈП Улици и патишта, претпријатие на кое Арсовска должи 1 милион евра. Арсовска ја напушти програмата за модерно Скопје и се сврти кон коалиција со СДС, резултатот од тоа е повеќе од очигледен. Градот тоне веќе месец дена. Градот Скопје под Арсовска има пари за мерење на рејтинг и пи-ар кампањи, а нема пари за проекти“, се посочува во нивното соопштение.

Арсовска, како што велат, работи под диктат на СДС, а тоа се гледа и по именувањето на директорот на ЈСП, кој е кадар на СДС, и за кој излегоа фотографии во јавноста од состаноци во штабот на СДС.

Токму тој директор е предвесник на полутајната коалиција СДС – Арсовска. И затоа Арсовска молчи за долговите на власта кон претпријатијата основани од град Скопје. И затоа нема ништо ниту за долгот на Клинички центар кон ЈП Водовод во износ од 2 милиони евра“, се потенцира во нaпишаната реакција од сtрана на ВМРО-ДПМНЕ.