Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени крадци кои со употреба на физичка сила краделе од малолетници на Бит Пазар

Синоќа околу 22.45 часот на подрачјето на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода биле лишени Е.Е.(18) и уште тројца 17-годишници, сите од Скопје.

Тие претходно на подрачјето на Бит Пазар со употреба на физичка сила од двајца малолетници од Скопје одзеле пари и предмет, кој подоцна бил пронајден кај пријавените.

Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија надлежните.

Можеби ќе ве интересира

Хуманитарната дипломатија – стратешка алатка за посилно општество и иднината на Црвениот крст

ДЕСК

Левица: Во воени зони има постабилно снабдување со струја отколку во Македонија – студентите повторно во мрак, снема струја на факултетите при УКИМ и Студентскиот дом „Стив Наумов“

ДЕСК

Левица: Недостатоци од лекови и колапс во јавното здравство – пациентите трпат додека Клековски тендерира

ДЕСК