Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Скопје – четворица повредени

Четири лица се повредени, од кои еден потешко во сообраќајна несреќа која синоќа се случила во скопското село Сарај.

-Во 00,15 часот било пријавено дека во с.Сарај, скопско, на крстосница од улиците „20“, „1“ и „2“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“, управувано од Х.Н.(21) од Скопје и патничко возило „шевролет“, управувано од Б.К.(56) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата сопатничката од патничкото возило „шевролет“, С.С.(57) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот Х.Н. и неговите сопатници Х.Н., Е.З.(22) и М.И.(19), сите од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се вели во полицискиот билтен.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е НАЈТАЖНИОТ ДЕН ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО! Го славиме Велики петок – денот на страдањето на Исус Христос!

ДЕСК

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ПО НУЛАТА, НАУТРО ЌЕ ИМА МРАЗ: Метеоролозите со четиридневна прогноза – лоши вести за времето

ДЕСК

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК