Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Акциска контрола во угостителски објекти, две лица приведени, констатирано точење алкохол на малолетнци

Денеска (23.10.2022) во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на сите сектори за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава.

При контролата приведени се две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеле службени дејства, констатирани се три кривични дела по член 204 од Кривичниот законик поради точење алкохол на малолетни лица, а шест малолетни лица се затекнати по 00.00 часот во угостителски објекти.

За време на акциската контрола, исто така, констатирани се 70 сообраќајни прекршоци, а едно возило кое вршело јавен превоз е исклучено од сообраќај.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК