8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Положено свежо цвеќе на споменикот на војводата Васил Аџаларски во пресрет на Денот на македонската борба

Општина Илинден во пресрет на Денот на македонската револуционерна борба 23-ти Октомври, традиционално го одбележа празникот со положување на свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во н.м Миладиновци.

Делегација од општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски положи свежо цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов–Аџаларски, претставници на Советот на Општина Илинден, општинските јавни установи, Сојузот на борци, Здружението на пензионери од Општина Илинден, невладини организации и граѓани.

Денот на македонската револуционерна борба, 23-ти Oктомври, е ден кога со гордост се потсетуваме на борците за правда и еднаквост каков што бил Васил Стојанов-Аџаларски, кој е роден во селото Аџалари, денешно Миладиновци во 1880 година, а загинува во 1909 година.

Аџаларски пред и по Илинденското востание бил предводник на поголема чета, а во неговата чета имало повеќе комити од околните места на денешната општина Илинден.