Centar.mk
ЛОКАЛНО

СДСМ: Медарите од ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа колапс на ЈСП и хаос во Скопје

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ предизвика колапс во Јавното сообраќајно претпријатие и за првпат го остави главниот град без јавен превоз, обвини СДСМ.

„ За само една година успеаја да го зголемат долгот на ЈСП за еден милион евра, а вработените да ги остават без плата. Тендери, раце во мед, контрола врз финансиите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е причината за хаосот со кој се соочува Скопје.

Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ мора да понесат отчетност и одговорност за хаосот што го предизвикаа во ЈСП и во Град Скопје. Наместо решенија и проекти, јавноста со месеци гледа дневна политика и препукување меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ за тоа чии раце биле фатени во медот.

Скопјани не заслужуваат таква градска власт“ порачаа од владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

Широк Сокак добива семафор: Мал сообраќаен потег, голема промена за центарот на Битола

ДЕСК

Посебен режим на сообраќај во Скопје

ДЕСК

Известување за воведување на нов сообраќаен режим на новите семафори на крстосниците со булеварот “Македонија”

ДЕСК