25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Морничаво предупредување од „модерниот Нострадамус“: Луѓето ќе станат зомби, денот ќе постане ноќ…

Овој „паранормален експерт“ вели дека неговите визии се појавуваат сами по себе

Бразилецот Атос Саломе (36), попознат како „модерен Нострадамус“, тврди дека веќе ги предвидел настаните како што се руската инвазија на Украина, коронавирусот и смртта на кралицата Елизабета, а сега во јавноста излезе со нова серија на предвидувања кои не се помалку темни од оние на неговите претходници.

Овој „паранормален експерт“ вели дека неговите визии се појавуваат сами по себе. Од нив тој извлече низа застрашувачки предвидувања за 2023, 2024 и 2026 година. Во предвидувањата, кои често имаат библиски тонови, тој предупредува дека нема спас за оние „кои мора да го знаат гневот Божји“, пишува Дејли Стар.

Во шестото од 14-те предвидувања што ги запиша на 28 март минатата година, тој предупредува дека човештвото ќе биде физички и психички измачувано до тој степен што ќе живее како зомби. Атос вели дека „ќе бидат отсечени многу глави“ и дека особено психичкото мачење ќе го остави манипулираното население во состојба на зомби.

– Менталните нарушувања ќе зачестат, а менталните испади ќе се случуваат во време на болка и тага – вели тој и објаснува дека тоа ќе го исфрли човечкиот мозок од рамнотежа и ќе поттикне бран на депресија и самоубиства. – Не убива само вирусот – истакна тој, иако не објасни подетално кој кого ќе контролира и мачи, ниту кој ќе се претвори во зомби.