Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Прегазен велосипедист во Струга

Велосипедист доби тешки повреди по судир со автомобил во Струга.

„Вчера, на улицата Партизанска во Струга, патничко возило ‘мазда’, со охридски регистарски ознаки, управувано од Е. Б. (60) од Струга, удрило во велосипед, управуван од С. М. (81) од с. Мислешево, Струшко. Во несреќата велосипедистот добил тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Струга“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од полициска екипа.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК

Николоски на терен: Во Могила градиме улици, канализациони и водоводни системи, спортски комплекс и градинка

ДЕСК