Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Каевски: Мицкоски се промовира како анти-ЕУ политичар, СДСМ нема да дозволи враќање на државата во изолација

Христијан Мицкоски веќе се промовира како анти-ЕУ политичар, кој заедно со својот проруски партнер Левицата работи против напредокот на државата. Исто како и неговиот шеф Никола Груевски, Мицкоски бара 61 пратеник во Собранието против ЕУ да ја блокира земјата повторно. Тоа нема да се случи, Мицкоски може да биде против, но македонската иднина е сигурна и таа е европска. Нема да дозволиме враќање назад, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Тој додаде дека по 17 години чекање, почнавме преговори за членство во ЕУ, со заштитен македонски јазик и заштитен македонски идентитет. Набргу ќе биде потпишан договорот со Фронтекс, и тоа на македонски јазик, без фусноти и ѕвездички. Сите лаги на анти-ЕУ Мицкоски потонаа.

Каевски истакна дека во државата има два политички концепта. Едниот предводен од СДСМ и Димитар Ковачевски за европска иднина, напредок, развој и побогати граѓани. Вториот предводен од Христијан Мицкоски е антиевропскиот концепт, кој значи враќање назад во изолација, неизвесност и бесперспективност.

СДСМ како предводник на концептот, кој носи европска иднина, со заштитен македонски јазик и македонски идентиет, заедно со граѓаните, нема да дозволи враќање во минатото и изолација. Продолжуваме кон ЕУ, изјави Каевски.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес од 2.8 степени според рихтер го погоди охридскиот регион

ДЕСК

СДСМ: Непостоечки хигиеничари, лажни дневници, каде завршуваат парите од тендерот во Пошта вреден 1,2 милиони евра ?

ДЕСК

Групна тепачка во угостителски објект во Скопје – МВР со детали за предновогодишниот инцидент

ДЕСК