24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на ЕК нотира дека владата не спроведува доволно реформи, СДС потфрла

Според најновиот Извештај на ЕК, во Македонија нема сериозна посветеност на реформи. Се нотираат ад хок решенија наместо системски реформи на законодавството. Имено, ова може да се забележи дозволувањето на неофашистички центри во сите градови од Македонија и историски ревизионизам, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека ЕК јасно нотира дека се потребни решителни напори за да се изгради динамика за реформи и придвижување во процесот на преговори со ЕУ. Потребен е особен фокус за да се обезбеди ефективна имплементација на постојното законодавство, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи.

Извештајот го нотира и самоволието на Џафери, и неодговорноста во Собранието. Имено, ЕК нотира отсуството на отчетност, што јасно се гледа низ повеќемесечно незакажување седници за пратенички прашања во Собранието. Криење од опозицијата и граѓаните.

Извештајот покажува дека власта наместо да работи и да се посвети на реформи, се насочува кон стратешки погрешни цели. И наместо владеење на правото, имаме владеење на самоволието, се вели во соопштението.