25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски го прими извештајот на ЕК за напредокот на Македонија за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2022 година.

На средбата претседателот Пендаровски истакна дека годинешниот извештај има особено значење бидејќи е прв по почетокот на пристапните преговори со Европската Унија и почетокот на скринингот.

Претседателот Пендаровски оцени дека извештајот дава детаљна слика за состојбите во општеството, но претставува и патоказ за натамошната работа на институциите и областите во кои ќе треба да се посвети поголемо внимание.

Пристапниот процес, според претседателот Пендаровски, налага сите капацитети да бидат насочени кон реализација на потребните реформи и во тој контекст посочи на потребата сите општествени фактори да го дадат својот придонес во овој процес.

Претседателот Пендаровски порача дека отворањето на преговорите со Северна Македонија е добра можност Европската Унија да ја демонстрира својата посветеност кон интеграцијата на земјите од Западен Балкан како најдобар одговор на растечкиот евроскептицизам во регионот.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО и ВИДЕО) Светна Телекомуникациската кула веднаш до Милениумскиот крст – повисока е од него, а ќе има и ресторан кој ќе врти 360 степени за 1 час

ДЕСК

Температурите повторно одат нагоре: Синоптичарите објавија временска прогноза – пеколно жешко и до 37°C

ДЕСК

Работник – српски државјанин повреден при градежни активности во Гевгелија

ДЕСК