Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Со добро менаџирање и правилно работење општина Центар е подготвена за зимата

Општина Центар со добро менаџирање и правилно работење има ликвидност и подготвена е за тешката зима, рече градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски во „Топ тема“ на Телма телевизија.

-Обврска на секој градоначалник е да работи одговорно и да обезбеди непречено функционирање на општината со покривање на сите трошоци, во пресрет на тешката зима, да биде локалната самоуправа подготвена за сите предизвици. Општина Центар со добро менаџирање и правилно работење има ликвидност и подготвена е за тешката зима, немаме заостанати сметки, навремено се сервисираат сите обврски и така ќе продолжиме, рече Герасимовски.

Ќе направам се, ќе дадам се од себе, училиштата да бидат стоплени а децата да учат со физичко присуство, затоа што тоа е најдобро за нив, додаде градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

ЈП Водовод Скопје со известување до граѓаните за работното време за време на празниците

ДЕСК

Важни информации за возниот ред од ЈСП Скопје кој започнува со стартот на 2026-та година

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Скопје – Европска престолнина на културата 2028

C +