14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
perokostadinov
МАКЕДОНИЈА

Костадинов: Нема да дозволиме затворање на училиштата, локалните власти да најдат решенија

„По сите кризи сметам дека не смееме воопшто да го доведеме под прашање функционирањето на училиштата. Не смее да дојде до затворање на училиштата и верувам дека нема да дојде до тоа“ изјави градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека тоа во голема мера ќе зависи од дијалогот меѓу локалната и централната власт, но пред се од менаџирањето на општините и редифинирањето на приоритетите.

„Потребно е ставање на приоритетна листа на оние трошења што мора да ги направиме за да испорачаме клучни резултати во образованието, но и социјалната правда. Образованието ни е кревко, а од тоа ни зависи целиот иден развој како држава“ рече Костадинов.

Градоначалникот на Валандово додаде дека во неговата општина благовремено се подготвени и буџетирани ставките и најави дека ниту општината, ниту училиштата нема да имаат поголеми проблеми.

Спонзорирано: