10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Полиција/policija
Полиција/policija
МАКЕДОНИЈА

31 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери

Во периодот од 19.09.2022 до 25.09.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. При контролата санкционирани се 31 учесник во сообраќајот, од кои 30 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и една санкција за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Спонзорирано: