23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
danela arsovska
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Арсовска само потврди, ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во своите јавни настапи посочи дека Христијан Мицкоски имал детали кои не би смеел да ги има од сомнителниот тендер од 136 милиони евра за пречистителна станица.

Со таквите тврдења, оценуваат од СДСМ, Арсовска имплицира на директна вмешаност на Мицкоски во спорниот тендер.

„Затоа е важно, надлежните институции да го расчистат овој случај, да ги истражат сите аспекти и одговорните да се соочат со соодветни санкции. Самата Арсовска, кандидатка и градоначалничка на Мицкоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ не е мрдната ниту милиметар од режимската и криминална матрица“, потенцираат од СДСМ.

Мицкоски, како што додаваат е ист како и неговиот ментор и претходник Никола Груевски, нему му се важни само личните и бизнис интерсите на одредена група луѓе.

Тоа, велат од СДСМ, граѓаните го гледаат, затоа Мицкоски и ВМРО-ДМНЕ изгубија на последните предвремени избори, затоа секогаш ќе губат од граѓаните.