14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Перформансите на новите оклопни возила презентирани пред Џафери и членовите на Комисијата за одбрана

По покана на министерката за одбрана, Славјанка Петровска, претседателот на Собранието, Талат Џафери, заменик-претседателот на Собранието, Горан Мисовски, и членови на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, денеска во штипската касарна „Јане Сандански“ можеа да проследат показна вежба, чиј составен дел беа и новите најмодерни лесни оклопни возила на Армијата на Република Северна Македонија, JLTV Oshkosh.

Вежбата „Употреба на JLTV-возилата при изведување борбени операции со воздушна поддршка“ ја изведоа припадниците на вториот баталјон од 1. пешадиска бригада на Армијата, единица што пред пет месеци успешно го помина НАТО-оценувањето.

По вежбата од страна на припадниците на армиската НАТО-единица присутните беа запознаени и со тактичко-техничките карактеристики на возилата и нивната намена, а беше презентиран и дел од нивната лична опрема и вооружување.

Првите 6 нови лесни оклопни транспортери од американско производство пристигнаа во јули годинава и со нив значително е подобрена борбената готовност на Армијата.

Се очекува во следниот период да биде испорачана нова пратка од 27 возила од овој тип.

Можеби ќе ве интересира

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година – Еве како да се пријавите

ДЕСК

Летно изненадување од dm и Babylove:  со сметка над 499 денари добивате подарок!

ДЕСК

Мицкоски од терен: Со забрзана динамика се гради автопатот Кичево – Охрид

ДЕСК