Centar.mk
БИЗНИС

„Мекдоналдс“ повторно се отвора во Украина

Три киевски филијали на синџирот за брза храна „Мекдоналд“ денеска повторно се отворени првпат од почетокот на руската инвазија, што е знак дека животот во украинската престолнина се нормализира по речиси седум месеци војна.

Американскиот синџир-ресторани за брза храна претходно објави во соопштение дека по разговорите со украинските власти, повторно ќе ги отвори локациите во Киев со безбедносни експерти и доставувачи, но првично само за испорака.

„Во октомври овие три ресторани повторно ќе бидат отворени за посетители, а до нив ќе се отворат McDrive и McDonald’s Express“, се вели во соопштението на компанијата.

„Како дел од постепеното повторно отворање на рестораните, се планира да се отворат уште седум во Киев по што бројот ќе се зголеми во главниот град и во градовите на западот на земјата“, се додава.

„Мекдоналд“ ја прекина работата во Украина на 24 февруари веднаш по руската инвазија.

Долгоочекуваното повторно отворање на популарниот американски ресторан за брза храна многу Украинци го гледаат како симболичен знак на поддршка.

Можеби ќе ве интересира

Божиновска: Иднината на енергетиката e во дигиталните технологии, но најважна инвестиција останува знаењето

ДЕСК

АСОМ: Новиот закон за игри на среќа носи економски крах, 10.000 луѓе остануваат без работа, а државата губи 350 милиони евра

ДЕСК

Хуманоста на Mozzart блесна на Lazarov Awards2026 – донација од 200.000 денари во СОС Детско Село

ДЕСК