Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба Грковска – Која: Мисијата на ОБСЕ ќе ја продолжи соработката за спроведувањето на реформите

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, кому му завршува работниот мандат во земјата.

На средбата вицепремиерката Грковска му се заблагодари на амбасадорот Која за поддршката и одличната соработка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, особено во делот на искуствата и експертизата што како држава ја добиваме од Oрганизацијата при креирање на антикорупциските политики, интегритетот и доброто владеење. Изрази уверување дека таа ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор.

Грковска и Која разговараа и за следните чекори и активности во контекст на нашето претседавање со Организацијата во 2023 година.

Од страна на амбасадорот Клеменс Која беше нагласено дека Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да соработува со институциите во спроведувањето на реформските процеси.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК