14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
БИЗНИС

Горивата поскапуваат – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41% во однос на одлуката од 26.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,173%, кај дизелот зголемување во просек за 3,246%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 1,720% и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,255%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 3,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,977 ден/кг

Од 30.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95

89,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98

92,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)

101,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)

97,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС

53,955 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0, 411%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Спонзорирано: