Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Муцунски да земе да работи, да ја коси тревата и да чисти, наместо да ги обвинува граѓаните

Соопштение на СДСМ:

Неискосените тревници по метро и половина и расфрланиот шут и отпад низ урбаните делови на Аеродром се резултата од неработа на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тимчо Муцунски покрај тоа што не ја извршува својата работа и не се грижи за општина Аеродром, сега граѓаните ги обвинува дека шират лажни вести.

Еве неколку фотографии од општина Аеродром.

Или и за овие фотографии Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ ќе тврдат дека се од Австралија?

Дали ѓубрето и шутот од фотографиите се од Австралија, од Гугл или сепак се од Аеродром?

Неискосените тревници, неисчистениот шут, предизвикуваат појави на змии, за кои со право реагираат граѓаните затоа што се опасност пред се по децата кои секојдневно се во парковите и спортските игралишта низ Аеродром.

Нашите сограѓани од општина Аеродром знаат со какви состојби се соочуваат во секојдневното функционирање низ населбите во општината.

Муцунски да се зафати со работа, да ја коси тревата и да ја одржува хигиената, наместо да ги напаѓа граѓаните дека манипулираат, не соодветен е ваквиот однос на општината кон своите сограѓани.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски објави семејна празнична фотографија: Ова се празници на љубов, дарување и почитување

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СНЕЖНА БАЈКА: Циклон носи многу снег во делови од Македонија – Врнежите почнуваат од Божиќ, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Го празнуваме Бадник ден пред Божик – како огледало на годината што доаѓа

ДЕСК