Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Повреден е војник во касарна во Скопје

На 25.08.2022 околу 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во касарна „Илинден“ во Скопје со повреда се здобил Б.Т.(45) од Злетово и бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош.

Според пријавеното, тој се здобил со повредата при примопредавање на смена и проверка на оружјето од друго воено лице, при што пиштолот испукал во подот, а од рикошетот парче од подот го погодило во ногата.

Од страна на Воена полиција бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Претседателот на Уставен суд, Костадиновски со работни средби во Атина: владеењето на правото и судската соработка во фокусот

ДЕСК

Снег вее на овие места во Македонија

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК