3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

„АД Бутел“: Нашите капацитети се во добра кондиција, професионалната услуга и грижливост кон граѓаните е врвен приоритет

За нас како институција професионалната услуга и грижливост кон секој граѓанин е врвен приоритет, со длабоко жалење мораме да ја прифатиме реалноста дека работата на „АД Бутел“ во овој период е обремената, ние сакаме на секој еден граѓанин да му излеземе во пресрет на сите негови потреби. Комуницираме со многу луѓе, насекаде помагаме во однос со нашите капацитети, вложуваме максимум, велат од акционерското друштво за „Локално“, откако граѓани веќе извесен период се жалат на нечистотијата на гробиштата за кои се задолжени, а се упатуваат и многу обвинувања дека тие воопшто и не се одржуваат.

– Ќе се трудиме уште повеќе да бидеме професионални кон граѓаните бидејки се работи за премногу сензитивна тема каде емоциите се менуваат во секој миг, ја разбираме тагата и болката на сите граѓани, токму поради тоа ние не вперуваме прст кон никого, напротив секоја критика без разлика дали е издржана или не ја прифаќаме како добронамерност и мотив за попрофесионален пристап кон работата. Се случуваат голем број на работни обврски во кој ние чекаме да заврши целата церемонија па веднаш после секој настан се трудиме веднаш да го дезинфицираме и исчистиме секој објект, истакнуваат од „Бутел“.

За тоа дека изминативе денови на социјалните мрежи се шират фотографии од тоалетите во „Бутел“, за кои граѓани тврдат дека се во „згрозувачка и ужасна состојба“ и дека „од нив може само да се заразат“, велат дека „работната обврска е менлива во секоја минута“.

– Многу граѓани се дневни посетители, без да обвиниме никој но сакаме да информираме дека хигиената често треба да се одржува и од страна на секој кој ги користи тие простори, ние максимално сме посветени но често и злоупотребени од страна на несовесни лица кои остават секаков вид на шут во тоалетите и надвор од нив. Но сепак велиме дека не сме во насока на критика, напротив се трудиме и ке се трудиме уште повеќе да излезме професионално во пресрет на секој наш сограѓанин, реагираат оттаму.

За обвинувањата, велат дека АД „Бутел“ нема ставено забрана кои делови смеат, а кои несмеат да се користат, сите капацитети се отворени кон граѓаните и се ставени во употреба. Секој граѓанин подеднакво може да го користи секој институционален објект, без разлика каде се наога, а секој тоалет, чешма за вода или слично се отворени и достапни за граѓаните.

– Жалиме што тие фотографии се од објект кој не е во функција поради реновирање, како што може да се забележи и претходно но и сега сите функционираат непречено со висок степен на хигиена, додаваат оттаму.

Од „Бутел“ не сакаат да даваат било каква политичка или друга позадина иако, како што велат, „знаеме дека има луѓе поединци кои сакат да наштетат“, но сепак може да се забележи дека капацитетите се во добра кондиција и секако дека се трудат да ги засилат уште повеќе на секаков професионален план.

– Се надеваме дека овој настан понатаму нема да се лористи за штета бидејки ние сме фокусирани навистина да помогнеме на секој поединец посебно. Оваа институција не заслужува да биде политички злоупотребена. Сакаме да ја прикажеме сликата од поблизок кадар до јавноста дека сме професионални во својата работа која ја работиме но и дека секогаш сме спремни да ја прифатиме секоја критика како мотив за попрофесионален пристап во работата, додаваат од АД „Бутел“.

Спонзорирано: