17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

,,СИНАТА УНИФОРМА ДЕЈСТВУВА ЗА ЗЕЛЕНА ОКОЛИНА“

Во периодот од 2017 до јули 2022, со целосната или делумната реконструкција на 75 објекти на МВР ширум државата, во сите сектори за внатрешни работи, за првпат во историјата од министерството спроведовме мерки за зголемување на енергетската ефикасност во дури 46 објекти, за чија имплементација од буџетот на МВР беа инвестирани 458.330.439 денари. Притоа, стариот начин на загревање е заменет со нов и поекономичен во 23 од реконструираните објекти, за што беа инвестирани 18.924.237 денари. Од нив најголемиот дел го променија затоплувањето со дрва во затоплување со електричен котел, електрични ВРФ – системи, со инсталирање на топлински пумпи.
Во објектите се употребени енергетско ефикасни материјали при изработката на фасади, односно сега веќе зборуваме за термоизолациски фасади кај нив, како и замена на старата дограма со нови ПВЦ или алуминиумски прозорци. Во 2020 година во Полицискиот центар Ѓорче Петров, кој е база на Единицата за брзо распоредување, преку инсталација на соларни колектори за добивање на топла вода е направено искористување на обновливите извори на енергија со инвестицијата вредна 3.498.700 денари. До крајот на 2022 година планирана е финализација на реконструкциите во ОВР Делчево, ЕВР Гази Баба и ОВР Свети Николе, а годинава ќе отпочнат активностите за реновирање на Полициската академија во Идризово, Управните служби во Македонската телевизија, како и изградбата на новиот објект на ПС ОН Аеродром. Исто така, во тек е поставување на соларни панели за 15 објекти на МВР. Континуирано се следат потребите и можностите за наоѓање на нови решенија кои ќе придонесат до рационално користење на електричната енергија и енергенсите за активно вклучување во намалување на потребите во време на потенцијалната енергетска криза.

https://fb.watch/eDdWQf5HLO/