29.8 C
Скопје
10. август 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

МТСП: Изгласана Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 година

Изгласана Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 година која е основен стратешки документ на Република Северна Македонија со кој се воспоставува сеопфатна рамка за понатамошни активности во насока на унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените.

Со донесување на оваа Стратегија, Република Северна Македонија се стреми кон унапредување на состојбата на родовата еднаквост во согласност со меѓународните стандарди, препораки и обврски, препознавајќи дека родовата еднаквост е еден од клучните аспекти за просперитет на целото општество.

Стратегијата се заснова на принципите на законитост, јавност, транспарентност, одговорност, отчетност и меѓу секторска соработка.

Визија на Стратегијата е постигнување родова еднаквост во општество во кое жените и мажите, девојчињата и момчињата, имаат еднакви права, пристап до ресурси, можности и заштита во сите сфери на животот, како услов за целокупен и одржлив економски, демографски, социјален развој и напредок на земјата, односно општество во кое жените и мажите ќе ги имаат истите привилегии и одговорности кои ќе ги остваруваат во вистинско заедничко партнерство.

Со прифаќањето на амандманите на Предлог Законот за буџети, се овозможува вклучување на родовата перспектива во буџетите на органите на државната управа. Со ова, буџетите стануваат родово одговорни и ќе одговорат на потребите на сите граѓани, жени и мажи.

Родово одговорно буџетирање не е прашање на борба помеѓу мажите и жените. Напротив тоа е прашање со кое ние создаваме еднакво општество, во кое ги распоредуваме финасиските средства на поправеден начин. Родовото одговорно буџетирање станува реалност со донесување на новиот Закон за буџети.

Владата на Република Северна Македонија силно верува дека нема еднаквост во општеството, ако нема еднаквост помеѓу жените и мажите. Во својата Програма за работа 2022-2024, ја истакна својата заложба за родова еднаквост, преку сузбивање на родовите стереотипи, елиминирање на родово базираното насилство, зајакнување на жените во економијата и земјоделството, како и вреднување на лидерските потенцијали на жените.