16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Со лажни изјави на Черчил намерно се распламтуваат националистички страсти

Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес и службеник во општина Гази Баба, на својот Фејсбук профил, во 1:23 после полноќ, објавил непостоечка изјава на Винстон Черчил.

На фејсбук профилот на Тодор Петров овој пост има голем број реакции и споделувања.

Фејсбук страницата на „Македонија Macedonia Macédoine“, која како своја мисија си ја поставила целта да ги архивира документи од минатото за обединување на сите Македонци, ја пренесува објавата на Петров 10 часа подоцна и за еден ден постигнува над 1000 реакции и речиси илјада споделувања.

Две сознанија произлегуваат од потрагата по автентичноста на оваа „изјава“ или „запис“ на Винстон Черчил. Првото е дека колку и да се обидувате, никаде нема да најдете извор или документ кој ќе потврди дека Черчил изјавил или запишал вакво нешто. Второто сознание доаѓа кога ќе почнете да го одмотувате клопчето за генезата на оваа дезинформација – тогаш ќе откриете дека таа се рециклира, најмалку од 2018 година наваму во повеќе наврати, и очигледно, во политички чувствителни околности.

На пример, порталот mreza.mk ја објавува оваа дезинформација два дена пред Тодор Петров, односно на 23 јули со наслов „Черчил за нашата држава: Целата историја на Европа е поврзана со Македонија, затоа сите ја негираат“. Трагата потоа ќе ве донесе и до magazin.mk, каде што со истиот наслов дезинформацијата за Черчил е објавена на 31 мај 2022 година.

Порталот Македонска нација (mn.mk), дезинформацијата за наводната изјава на Черчил ја објавува два пати. Еднаш на 8 декември 2018 година (кога се водеше јавна расправа за уставните измени), со наслов „ЦЕЛАТА ИСТОРИЈА НА ЕВРОПА ПОТЕКНУВА ОД МАКЕДОНИЈА ЗАТОА СИТЕ ЈА НЕГИРААТ“, и потоа на 10 април 2019 година (во тек на кампањата за претседателски избори) со наслов „ЧЕРЧИЛ ЗА МАКЕДОНИЈА: Целата историја на Европа е поврзана со Македонија, Европа ја подели Македонија во 1913“.

Непостоечката изјава на Винстон Черчил на Фејсбук и Твитер ја споделува и една позната универзитетска професорка, која како наградуван научник („научник на годината“) би требало да ги проверува информациите и да наведува релевантни извори.

По проширената непостоечка изјава на Лавров, и македоноцентричната „изјава“ на Черчил, можеме да регистрираме тренд на намерно и организирано распламтување на националистички страсти на социјалните мрежи, преку ширење на лажни изјави кои им се припишуваат на познати политичари.

Извор: ИМА

Спонзорирано: