Centar.mk
БИЗНИС

Ново намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82% во однос на одлуката од 15.07.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,610%, кај дизелот за 1,943%, кај екстра лесното масло за 1,302% и кај мазутот за 4,368%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит,

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,859 ден/кг и сега ќе изнесува 50,044 ден/кг.

Од 19.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 101,00 (денари/литар)
Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​​ 103,00​ (денари/литар)
Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ ​ 100,00 (денари/литар)
Масло за горење​​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​ 98,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС​​​​​​​​​​​​ ​ 50,044 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,306%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можеби ќе ве интересира

Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

ДЕСК

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 58. сесија на Клубот на истражувачите

ДЕСК

Ако сирењето лаже, што уште има на рафтовите: Потрошувачите бараат вистина

ДЕСК