26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Запленета дрога вредна над 400.000 евра во Кочани

На 15.07.2022 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога и СВР Штип-НК за КР Кочани до Основно jавно oбвинителство Кочани поднесоа кривична пријава против правeн субјект од Кочани за производство на канабис и С.В.К. (39) од Р.Бугарија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 и ст.6 од Кривичниот законик, при што запленети се 238 килограми марихуана.

Имено, во текот на месец јули 2022 година преку правниот субјект каде во својство на управител е регистриран С.В.К., извршена е набавка на марихуана, која потоа е сместена во објект во рамки на наведениот правен субјект, по што на 14.07.2022 дел од истата е префрлена во контејнер за отпад, односно во специјално товарно моторно возило за собирање смет, сопственост на Комуналното јавно претпријатие ,,Водовод“ од Кочани, за да потоа биде оставена на депонијата во Кочани, од каде НН лица ја земале за понатамошно неовластено пуштање во промет, со цел стекнување на противправна имотна корист.

На 14.07.2022 година од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единицата за недозволена трговија со дрога во содејство со СВР Штип – ОВР Кочани по забележување на товарното моторно возило со натпис ,,КЈП Водовод – Комунална хигиена“, како влегува во оградениот простор на правниот субјект од Кочани, каде работници од „КЈП Водовод – Комунална хигиена“ механички ја истуриле содржината на контејнерот за смет во камионот, преземени се мерки и активности, при што истото е сопрено.

Притоа од извршениот преглед на товарното моторно возило утврдено е дека во внатрешноста на товарниот дел има поголема количина на марихуана. Пронајдената и одземена марихуана врз основа на издадена Наредба од ОЈО Кочани, предадена е во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РСМ. По извршеното вештачење на запленетата количина дрога утврдено е дека станува збор за 237 кг. и 970 гр. наркотична дрога марихуана, чија вредност се проценува на над 400.000 евра.