Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи никакви уставни измени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека неговата партија нема да поддржи никакви уставни измени.

Вели дека што и да се случува, каква и да е национална катастрофа, тие нема да прифатат, и власта 80 пратеници нема. Кажа дека предавници во овој состав немаат. Порача дека нема да наседнуваат на провокации.

„Овој мирољубив народ знае дека силата е во масовноста, не е во насилството“, вели Мицкоски.

Тој вели дека ќе кажат „не“ на насилството. Мицкоски изјави дека ова не е иднина на македонскиот народ.