22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МЗШВ: Потсетување за оризопроизводителите – уште шест дена трае рокот за аплицирање за поддршка при набавка на комбајн или сушара за ориз

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделците дека на 6 јули 2022 година истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка при набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и мобилни сушари за ориз.

Овој јавен повик се распишува преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година, мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства.

Преку оваа мерка го олеснуваме производството на ориз, директно помагајќи го земјоделецот. Финансиската поддршка која се обезбедува преку овој јавен повик изнесува 3.500.000 денари по корисник.

Можност да аплицираат имаат сите земјоделски стопанства запишани во ЕРЗ системот на министерството, согласно законот за земјоделство и рурален развој. Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Критериум кој барателот треба да го исполни е да располага со минумум производствен капацитет од над 1 хектар површина под ориз.

Јавниот повик за финансиска поддршка при набавка на специјализирани комбајни за ориз и мобилни сушари за ориз беше објавен на 6 јуни од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и е достапен на следниот линк:

https://ipardpa.gov.mk/Root/mak/vest_dolga_mak.asp?VestiID=3114

Заинтересираните земјоделелци повеќе информации за јавниот повик може да добијат на веб страната на АФПЗРР и во подрачните единици на министерството.

Можеби ќе ве интересира

МЗШВ започнува нов проект за Национална стратегија за oбезбеденост со храна

M T

МЗШВ со потсетување до земјоделците: Уште 2 дена рок за доставување апликации за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари

M T

МЗШВ: Со усвојувањето на ребалансот на Буџетот се исплаќаат субвенции кон 45 илјади земјоделци – За прв пат се воведува и можност за авансна исплата

M T

МЗШВ бара од пратениците едногласно да го усвојат Законот за земјоделство и рурален развој како приоритетен на денешната пленарна седница на Собранието

M T