Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бугарската православна црква влегува во канонско единство со МПЦ, но ќе размислувала за името на нашата црква

Бугарската православна црква информираше дека влегува во канонско и евхаристиско заедништво со македонската црква, нарекувајќи ја Православна црква на Северна Македонија.

БПЦ наведува дека ќе го разгледува името на црквата, притоа не споменувајќи во објавата Македонска православна црква – Охридска Архиепископија.

„Бугарската патријаршија со благодарност кон Бога и духовна радост ги поздравува одлуките за подигање на расколот и стапува во канонско и евхаристиско заедништво со Православната црква на Северна Македонија. Останува да се разгледа името на православната црква во Северна Македонија“, велат од бугарската патријаршија.

Можеби ќе ве интересира

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети

ДЕСК