Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски-Милановиќ: Искрена и јасна хрватска поддршка за македонските евроинтеграции

Претседателот Стево Пендаровски денеска во „Вила Билјана“ во Охрид оствари средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

На средбата беше констатирано дека севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска се карактеризираат со отворен и пријателски дијалог на сите нивоа, без отворени прашања, со одлична соработка на регионален и мултилатерален план, со акцент на сојузништвото во НАТО.

Двајцата претседатели разговараа за актуелните состојби поврзани со аспирациите на земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија, како и за економските предизвици предизвикани од руската инвазија врз Украина.

Пендаровски истакна дека Хрватска е еден од најголемите поддржувачи на нашата евроинтеграција и се заблагодари за искрената и јасна хрватска поддршка, при што двајцата претседатели порачаа дека деблокадата на Северна Македонија е предуслов за стабилноста на регионот и на Европа.

На средбата стана збор и за положбата на македонската заедница во Хрватска и хрватската во Северна Македонија при што беше нагласено дека правата на малцинствата во двете земји се на високо ниво и беше изразена подготвеност за нивно дополнително унапредување.

Можеби ќе ве интересира

Пуштен во сообраќај патниот правец Струга – “Ќафасан”

ДЕСК

ИТА ЦИКЛОН КОН МАКЕДОНИЈА: Снег ќе “трупа” низ повисоките населени места, студот попушта – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мирна новогодишна ноќ во Струмица

ДЕСК