Centar.mk
БИЗНИС

Кузеска: Го штитиме економскиот стандард преку органичување на маржите на основните продукти

Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Заради заштита на стандардот на граѓаните и спречување нови ценовни шокови, од денеска ограничена е маржата за основните прехранбени производи.

Од денеска па се до 30 септември за леб, шеќер и сончогледово масло за јадење се утврдува трговска маржа до пет отсто на продажбата на мало и до пет отсто на продажбата на големо.

За брашното, јајцата, македонскиот ориз и тестенините, се утврдува продажна маржа до 10 отсто во трговијата на мало и големо.

Со оваа одлука се ограничува растот на цените на овие продукти во наредните месеци, со што се штити стандардот на граѓаните.

Веќе од денеска сите производители и дистрибутери треба да формираат нови цени кои ќе им ги дадат на супермаркетите и согласно тие нови цени ќе следува поевтинување на овие производи.

Во време на светска економска криза Владата предводена од СДСМ покажува постојана грижа за сите категории граѓани.

По усвојувањето на ребалансот на Буџетот, што сега е во собраниска процедура, следуваат нови прилагодени мерки за поддршка на оние граѓани на кои помошта им е најпотребна.

За два месеци од сега, во септември следува раст на платите во образованието, детската заштита и останатите сектори, како и рекорден раст на пензиите согласно новата методологија.

Преку ефикасни и навремени мерки и политики успеваме економијата да ја задржиме на стабилни основи, а повеќе пари да завршуваат кај граѓаните.

Продолжуваме со вистинска грижа за нашата економија, за нашите сограѓани.

Можеби ќе ве интересира

Минималната плата ќе се зголеми за околу 30 евра, а пензиите за илјада денари – но како ќе преживеат работниците и пензионерите во време на силна инфлација и голема стапка на сиромаштија?

ДЕСК

ФРАПАНТНИ БРОЈКИ: Речиси секој четврти македонски граѓанин живее во сиромаштија

ДЕСК

СИНДИКАТИТЕ ЌЕ ПОВИКААТ НА ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ: Минимална плата од 600 евра или работниците ќе се излеат по улиците

ДЕСК