10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Георгиевска: Пари за поголеми плати и пензии, нови редизајнирани мерки со ребалансот на буџетот

Во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието започнува расправата по предлог ребалансот на буџетот за 2022 година. Станува збор за важен документ кој има за цел да обезбеди продолжување на досегашните мерки и политики за справување со последиците од светската економска криза. Преку одговорен пристап преку овој ребаланс се остварува заштеда на сериозни средства кои ќе се искористат за директна помош за граѓаните и стопанството, изјави на денешната прес-конференција Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

xТаа додаде дека на овој начин се обезбедуваат 76 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството, како и дополнителни 52 милиони евра за поддршка на земјоделците, за раст на платите и пензиите. Тоа значи дека во буџетот се обезбедени средства за нови таргетирани мерки за помош, за усогласување на платите на буџетските корисници со растот на минималната плата, како и за зголемување на пензиите од септември, согласно новата усвоена методологија.

истакна дека и во време на криза Владата и парламентарното мнозинство преку одговорни мерки и политики успева економијата да ја задржи на стабилни основи и таа да остане ликвидна.

Таа ги повика сите пратеници од сите пратенички групи да дадат придонес преку конструктивна дебата и предлози да се вклучат во носењето на овој ребаланс затоа што тоа е битно и за граѓаните и за нашата економија.

Како парламентарно мнозинство досега сме докажале дека имаме слух за барањата од опозицијата, преку прифаќање на оние амандмани кои биле издржани и биле во насока на унапредување на стандардот на граѓаните. Очекуваме опозицијата да ги стави интересите на граѓаните на прво место и дека наместо со блокади и запирања, ќе придонесе со аргументирана дебата и конструктивност при носењето на ребалансот, изјави Георгиевска.

Спонзорирано: