Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски се заблагодари на припадниците на МВР и граѓаните на Охрид за безбедноста на Отворен Балкан

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својата Фејсбук страна изрази благодарност во свое и во име на раководството на МВР за организирање на безбеден самит на регионалната иницијатива Отворен Балкан којшто се одржа денеска во Охрид, на кој учествуваа земјите иницијатори, Северна Македонија, Србија и Албанија, а како поканети учествуваа и Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Министерот Спасовски оддаде признание до повеќе организациони единици на македонската полиција: Одделот за униформирана полиција, Одделението за претходница и сообраќајно-ескортно обезбедување при Одделот за заштита на определени личности и објекти, Одделот за специјални полициски операции, Хеликоптерската единица и СВР Охрид.

„Посебна благодарност до охриѓани за разбирањето и почитувањето на променетиот возен режим, како и до општинските служби и сите правни субјекти одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот за добрата соработка со полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид во активностите кои беа насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците и други објекти,” напиша на својата Фејсбук страна министерот Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК