19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Промоција на зборникот „Филозофија и филм“

Промоцијата на зборникот „Филозофија и филм“ (Philosophy and Film, Conference Proceedings) ќе се одржи на 8 јуни, среда, во 17 часот, во Културно-информативниот центар.

Зборникот произлегува од првата интернационална конференција „Филозофија и филм“, одржана на 25 мај 2021 година, во рамките на 11. Филозофски филмски фестивал. Зборникот е на англиски јазик, а воедно претставува второ издание од едицијата „Филмософија“ на Филозофското друштво на Македонија.

Во зборникот се поместени текстови од 12 автори од цела Европа, кои пишуваат на разни теми од областа на филм-философијата: Сердар Озтурк (Турција), Сенка Анастасова (Македонија/САД), Доминик Шато (Франција), Дамир Смиљаниќ (Србија), Георгиос Арабаѕис и Евангелос Протопападакис (Грција), Дарко Штрајн (Словенија), Џон О’Меларка (Ирска/В. Британија), Наил Кенеди (В. Британија), Тијана Петковска, Бошко Караџов, Сашо Кокаланов (Македонија) и Слава Јанакиева (Бугарија). Содржината на зборникот е дадена како прилог на оваа порака.
Промотор на зборникот ќе биде нашиот колега филозоф, Ернесто Хередеро дел Кампо (заменик-амбасадор на Кралството Шпанија во Скопје). Издавањето на зборникот е поддржано од Министерството за култура, а промоцијата се организира во рамките на 12. Филозофски филмски фестивал, информира организаторот.

Спонзорирано: