Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Си повлекувал пари од туѓа платежна картичка

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, по преземени мерки и активности, расчисти кривично дело изработка и употреба на лажна платежна картичка по чл. 274-б од Кривичниот законик.

М. А. од Скопје пријавил дека во текот на април 2022 година, без негово знаење и согласност, во два наврата му била злоупотребена платежната картичка и му биле повлечени парични средства во вкупен износ од 18.200 денари.

Веднаш биле преземени мерки и било утврдено дека сторител на делото е Д. А. по што од Единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесена е соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК

СДСМ: Задоцнета и половична мерка на Мицкоски без ефект, горивата пак ќе поскапат

ДЕСК

Полицијата одзеде десетина возила: Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осуммина од нив возеле без положен возачки испит, меѓу нив еден малолетник

ДЕСК