Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски се сретна со делегации на уставните судови на Македонија и Бугарија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегации на Уставниот суд на Македонија и на Уставниот суд на Бугарија.

На средбата се разговараше за севкупната соработка меѓу уставните судови на двете држави, при што претседателот Пендаровски изрази поддршка за нивните иницијативи и го поздрави потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу двата суда, потпишан на македонски, на бугарски и на англиски јазик.

На средбата претседателот Пендаровски посочи дека работата на уставното судство е клучно во изградбата на функционална правна држава и заштита на човековите права. На средбата се разговараше и за можноста за воведување уставна тужба во двете држави.

Претседателот Пендаровски истакна дека Бугарија како држава членка на ЕУ има искуство во функционирање во сложен правен поредок и оттаму нивното искуство во соработката со Судот на правдата на ЕУ ќе биде од голема корист за евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК