Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Велешанец упатил закани за убиства, судот постапил, но насилникот ја прекршил одлуката

Велешкото Основно јавно обвинителство поведе постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривични дела загрозување на сигурноста и неизвршување судска одлука.

На 12 април осомничениот пред месарница на улицата Алексо Демниевски-Бауман во Велес им ја загрозил сигурноста на сопственикот на месарницата и на уште две присутни лица навредувајќи ги и заканувајќи им се дека ќе ги убие.

Откако во постапка му биле определени мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за напуштање на живеалиштето и забрана за приближување, односно контакти со определени лица, осомничениот ваквото судско решение не го почитувал, па на 4 мај повторно се приближил кон еден од оштетените и почнал да му се заканува.

Бидејќи постои опасност од бегство и поради фактот што определените мерки за претпазливост осомничениот не ги почитувал, сега му е определен притвор.​​

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Очекуваме Регулаторна да донесе одлука за намалување на цените на горивата после последните промени на енергетските пазари – остануваат одлуките на Владата за намалување на Ддв и акциза и најниски цени на горивата во регионот

ДЕСК

Познати деталите за земјотресот кој ја погоди Македонија

ДЕСК

Полицијата упадна во куќа: Дома му нашле дрога и муниција, а надвор приколка товарена со нелегални огревни дрвја

ДЕСК