Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Секоја иницијатива што има цел унапредување на родовата еднаквост е важна

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, присуствуваше на презентирањето на новата иницијатива – „Алијанса за родова еднаквост на работно место“. Иницијативата на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми за унапредување на родовата еднаквост на работното место, еднакви можности, еднаква застапеност и вреднување на трудот.

Тренчевска истакна дека Министерството во моментот работи на подготовка на нови законски решенија, кои ќе значат унапредување на родовата еднаквост во посебните области на општественото живеење.

„Интезивно работиме на Законот за работните односи, каде што ќе биде директно транспорирана директивата на ЕУ за хармонизација на семејниот и професионалниот живот, што ќе значи дополнително унапредување на положбата на жената на пазарот на труд и подобрување на условите за работа на жените во процесите на работа. Исто така, работиме и на нов закон за родова еднаквост, кој ќе придонесе за зајакнување на механизмите за родова еднаквост на национално и локално ниво и унапредување на родовата перспектива во сите општествени текови“, рече таа.

Истакна дека во духот на европските вредности, во рамките на ИПА-проектот „Подобрување на условите за работа“, Министерството за труд и социјална политика објави јавен повик за финансиска поддршка на мали, микро и средни компании, кои ќе работат на промовирање флексибилни работни ангажмани и мерки за усогласување на семејниот и професионалниот живот. Преку проектот се обезбедува финансиска поддршка за најмалку 6 компании што ќе промовираат родова еднаквост во рамките на нивната компанија, појаснуваат од Министерството за труд и социјална политика. ​

Тренчевска изрази поддршка за воспоставувањето на Алијансата, која како платформа ќе го обедини приватниот сектор и им ќе биде партнер на Владата и на Министерството за труд и социјална политика во креирањето на сите политики што се однесуваат за унапредување на еднаквоста, подобрување на условите за работа, еднаквата плата и праведни работни места за жените и за мажите во нашето општество.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК