Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Ковачевски предводи владина делегација на „Делфи економскиот форум“ во Грција

Премиерот Димитар Ковачевски на седмиот „Делфи економски форум“ во Грција ќе ја предводи владината делегација.

Во рамки на Форумот во различни денови учествуваат и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и министрите за надворешни работи, финансии, економија, одбрана и животна средина.

„Делфи економскиот форум“ се одржува од 6 до 9 април и е под покровителство на претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу.

Во рамки на посетата на Грција, премиерот Ковачевски ќе оствари средби и работни состаноци со лидери и истакнати политичари во светски рамки.

Организаторите на настанот информираат дека целта е да се покријат сите теми, а оваа година поради војната, голем дел ќе биде посветена на Украина, но и на геополитичките предизвици. На седмиот „Делфи економскиот форум“ насловен „New Realities“ потврдени се речиси 800 говорници од над 36 земји, а ќе бидат опфатени низа теми, како што се светската безбедност, глобалната економија, климатските промени, иднината на ЕУ, технологијата, здравството, општеството и културата.

Можеби ќе ве интересира

Малолетници – разбојници и насилници завршија во полициската станица во Бит Пазар

ДЕСК

Полицијата не се шегува: 12 лица уапсени за возење во пијана состојба, напишани 2.382 казни – државата трие раце

ДЕСК

Битиќи: За 15 месеци власта изгуби околу 30% од своите гласови

ДЕСК