Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Продолжуваме заедно да обезбедуваме пристојни услови за старите лица

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска се сретна со здружението за социјална заштита на старите лица „Се грижам“. На средбата се разговараше за измени и дополнување на правилникот за нормативите и стандардите за простор, опрема, стручни кадри и средства потребни за основање и почнување со работа на установа за социјална заштита за стари лица.

Тренчевска истакна дека Министерството ќе работи на прифатливи решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваат домовите што имаат добиено дозвола за работа за да може да се одржи нивното функционирање.

„Во периодот што следува ќе го разгледаме предлог-правилникот на веќе постојните установи за згрижување стари лица и ќе обезбедиме временски период на усогласување на домовите со нормите на правилникот за да обезбедиме одржливост на установите“, рече Тренчевска.

Министерката истакна дека општите стандарди на сите домови треба да бидат исполнети, со цел да се одржат домовите како пријатни установи, кои добро ќе влијаат на психосоцијалниот живот на старите лица.

На крајот од средбата здружението се заблагодари за можноста да разговараат за предизвиците со кои се соочуваат приватните установи за стари лица во Република Северна Македонија.​

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +