Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во позитивна атмосфера поминала средбата на Комисијата за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија ја одржа 18-тата средба на 31 март и 01 април 2022 година во Скопје, информираат надлежните.

Средбата, како што е нагласено во соопштението, поминала во позитивна атмосфера, со отворен дијалог и размена на ставови по однос на позициите и интерпретациите на минатото за ХI и XII век.

Во писмениот допис е нагласено дека до крајот на годината се планирани уште вкупно четири средби на Комисијата. Наредната средба ќе биде одржана во Софија на 12 и 13 мај 2022 година.​

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК