Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведено 19-годишно момче од Пробиштип, украло пари со закана кон вработена во маркет

Денеска во Пробиштип полициски службеници од Полициската станица Пробиштип – СВР Штип го лишиле од слобода Д.С.(19) од Пробиштип.

Тој се сомничи дека на 31.3.2022 во 20:44 часот во маркет на ул. Македонски револуционери во Пробиштип со закана кон вработената одзел пари од прометот и од сефот. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени одземените пари.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 237 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Пред невреме проверете го ова: Кров, олуци, автомобили, дворови и електрични уреди

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ И ДЕНЕСКА: Сонце, но и дожд, грмежи и засилен ветер

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК