18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР демантира: Настанот за кој зборува ВМРО ДПМНЕ се случил додека министер за внатрешни бил Наќе Чулев од ДПМНЕ

СООПШТЕНИЕ НА МВР:

ВМРО-ДПМНЕ денеска, како и многу пати до сега, изнесе низа невистини и манипулации. Прво, настанот за кој зборува ВМРО-ДПМНЕ се случил во месец април 2020 година кога министер за внатрешни работи е Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ, а не Оливер Спасовски и доколку и има злоупотреба, треба да бараат одговорност од тогашниот министер Чулев.

Што се однесува до конкретниот настан, ја информираме јавноста дека полициските службеници постапувале по добиена документација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат дека лицата ги прекршиле ковид протоколите и е поднесена кривична пријава. Во врска со овој случај изречен е налог против полициските службеници од Основен суд Скопје 1, но таа одлука е обжалена и се уште неправосилна.

ВМРО-ДПМНЕ изнесува невистини и во врска со затворањето на угостителските објекти. МВР не затвора угостителски објекти туку постапува како асистенција на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, кои имаат надлежност да изречат мерка забрана за работа на објектите. Покрај тоа, ниту еден објект не е затворен доколку не го прекршувал законот.
Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири невистини.
МВР продолжува со интензивни мерки и активности за санкционирање на прекршителите на законите.