Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Демократскиот сојуз: Резултатите од пописот не се одраз на реалноста

Според првичните анализи на објавените податоци од пописот, Демократскиот сојуз оценува дека тие не се одраз на фактичката состојба.

„Во дијаспората процените се дека само околу 10 % од Македонците се попишани, а во Македонија од резидентното население, претежно Македонци, над 130.000 не се попишани. Овие бројки го наметнуваат заклучокот дека пописот е неуспешен и за тоа треба да се бараат причините и одговорноста“, е наведено во писмената реакција од страна на оваа партија.

Додаваат дека има многу фактори што влијаеле пописот да не успее: „деструкцијата и повикот за бојкот на некои партии, лошите подготовки, методологијата за спроведување на пописот, партизацијата, слабата обука на попишувачите, отсуството на контрола и сл.“, посочуваат од Демократскиот сојуз.

Демократскиот сојуз предлага да се направат дополнителни вкрстувсња и проверки на податоците, а за нерезидентното население (иселеници) да се спроведе дополнителен попис.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +