Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Кузеска: Наместо за партиски вработувања, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да пренаменат 1,2 милиони евра за граѓаните

Бараме од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат со расфрлањето со народните пари и предвидените 1,2 милиони евра за партиски вработувања да ги пренаменат за граѓаните, рече на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Во време на најголема криза безобразно и крајно неодговорно е само во 5 општини во Скопје градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да потрошат 1,2 милиони евра за партиски времени вработувања.

Не се избрани градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да не работат ништо, да бараат пари од Владата, а општинските пари на граѓаните вака да ги расфрлаат на партиски вработувања, чоколади и бонбони“, посочи Кузеска, додавајќи дека со 1,2 милиони евра може да им се помогне на ранливите граѓани во време на криза.

„Еве им шанса на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да му кажат НЕ на Мицкоски и наместо расипнично и неодговорно однесување да покажат одговорност.

Доколку градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не ги пренасочат овие пари, ќе покажат уште еднаш дека ништо не е променето во оваа партија, дека тоа е старата режимска матрица“, нагласи партиската портпаролка.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +

Мицкоски: Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува поцврст и поодговорен механизам за одлучување

C +