23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска – Силвестри: Соработката со Италија е важна за македонските евроинтеграции

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвестри. На средбата беа отворени повеќе теми, меѓу кои за Законот за родовата еднаквост, Законот за инклузија на лицата со попреченост, Законот за правата на ЛГБТ-заедницата.

„Владата интензивно работи за справување со економската, енергетската и со кризата предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина. За да го подобри животот на граѓаните, ја покачи минималната плата на 18.000 денари, го промени методот за усогласување на пензиите и отвори дијалогот за усогласување на другите плати со минималната плата“, рече министерката Тренчевска.

Според министерката Тренчевска, државата е подготвена да прими луѓе што си заминуваат од подрачјата зафатени со војната во Украина.

Амбасадорот Силвестре се интересира за реализацијата на проектот за изградба на станови и реновирање куќи на ромското население, кој го имплементира италијанска невладина организација со пари од ЕУ-фондовите.

„Ние сме подготвени да дадеме поддршка на сите теми што ги работи Министерството за труд и социјална политика“, рече Силвестри.

Двајцата соработници изразија задоволство од досегашната соработка и посочија дека во наредниот период таа да се интензивира.