Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Нема вработените во културата да останат на минималец, имаме колективен договор за поголеми плати

„Не знам од каде излегоа информациите дека сум кажала оти сите вработени во културата ќе бидат на минимална плата. Жалам што некој ја злоупотреби средбата со директорите на националните установи, каде кажавме дека сите ќе бидат активно вклучени во изработката на новиот колективен договор и во изработувањето на Законот за култура“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска за Клан ТВ.

Таа додаде дека на состанокот со директорите на националните установи се разговарало за случувањата со кризите коија зафатија Европа.

„Со одредени времени мерки треба да се позанимаваме за да може да имаме одржливи буџети, а да не падне нивото на културата. Мора некако да штедиме“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека подготовката на новиот колективен договор во културата нема да биде рестриктивен, туку по примерот на покачувањето на минималната плата и пензиите, тоа ќе се прави инклузивно, каде што ќе се вклучат и слушнат сите кои активно исползуваат од тоа.

Можеби ќе ве интересира

ПУКАНО КОН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ГАЗИ БАБА: Скопјанец приведен по бегство

ДЕСК

ИТНАТА ПОМОШ ПРИЈАВИЛА СЛУЧАЈ ВО СВР СКОПЈЕ: Маж пронајден починат во хотел

ДЕСК

Врнежи од дожд во Куманово, пороен дожд во Дојранскиот регион

ДЕСК